Горска те повикува да ја почувствуваш силната страна на спортот!

Мотивирани од успехот што го постигнаа македонските репрезентативци (U21) со пласирањето на ЕП во Полска, Горска која е официјален спонзор на репрезентацијата, сака да го крене спортскиот дух и да ги размрда сите љубители на фудбалот со организирање на забавен настан.

Двочасовниот настан ќе биде исполнет со многу спортски предизвици. Присутните ќе треба да го покажат својот талент и да се натпреваруваат во неколку активности во кои ќе ги покажат своите фудбалски вештини. Жонглирање, дриблање, шутирање на топка по одредена патека и изведување пенали се предизвиците во кои натпреварувачите ќе имаат можност да се покажат и да освојат подароци.

Горска те повикува на 18 јуни од 12 часот на Школка, Градски парк на многу забава и дружење за да ја почувствуваме заедно силната страна на спортот и да ги бодриме нашите фудбалски надежи.