За нас

Компанијата Кодинг е основана  во 1987 година  во секторот градежништво, а од 2004 започна со изградба на фабрика за вода и сокови. Во 2005 година, Кодинг започна со производство и дистрибуција на Горска вода. Производниот погон се наоѓа во непосредна близина на изворите, во селото Конопиште.

Како компанија која го има имплементирано квалитетното корпоративно управување, Кодинг е една од најуспешните компании во Македонија водена од  едуциран и инвентивен кадар со јасна визија за иднината. Успешноста на нашата компанија се должи на активниот мониторинг,следење на модерни маркетинг трендови,нови технолошки решенија,иновации и постојана едукација на вработените со цел да се задоволат потребите на потрошувачите.

Компанијата активно партиципира во развојот на општествениот и социјалниот живот и како резултат на тоа постојано подржува културни и спортски манифестации што се случуваат во државата. Дава и голем придонес во грижата на децата со посебни потреби,а ја спонзорира и Специјалната Олимпијада за деца со посебни потреби. Една од главните одлики на компанијата е еколошката свест за грижа на животната средина што ја опкружува како и влијанието на фабриката врз животната средина затоа компанијата го има имплементирано ИСО 14001:2004 и работи  согласно со тој стандард.

Таа ги следи  и светските трендови за заштеда на енергија и има имплементирано проекти за енергетска ефикасност а во моментот е во фаза на подготовка на проект за фотонапонска електроцентрала, кој во блиска иднина ќе биде имплементиран.

Целта на компанијата е да биде маркет лидер  во државата и пошироко соединивајки ги   факторите за квалитет  аспектите на животната средина  и на човекот во еден интегриран систем на управување што се стреми кон одржлив економски успех. и постојано  подобрување на системите  за квалитет и менаџмент.