Горска на "Аматерскиот Хуманитарен Велеслалом во Маврово"

Компанијата КОДИНГ-ГОРСКА, оваа година пријави свој  тим со цел  да биде дел “Аматерскиот Хуманитарен Велеслалом”,  кој низ годините има придонесено многу за оние кои навистина имаат потреба од дополнителна помош за нивна искрена насмевка.

Настанот се одржи од 15-17 фебруари во Маврово.

Оваа година под мотото скијаме  „ЗА ТОПЛА ОБЛЕКА И ХРАНА”, КОДИНГ-ГОРСКА го поддржи здружението за граѓани „Светулка”, учесник и партнер на граѓанска инцијатива Ретвитни Оброк. Сите пари собрани од пријавените тимови беа употребени за обнова и надградба на кујната во која се готви, логистика и снабдување ресурси за оброци со цел да се додели оброк за оние кои немаат средства да си го овозможат тоа секојдневно. Исто така, беа изготвени  зимски пакети (ранец со топла облека и витамини) за оние на кои им е потребно да не премрзнуваат во ладните зимски денови.